Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 13 починати, 582 нови случаи

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 13 смртни случаи од Ковид-19 со што вкупниот број на починатите се зголеми на 3.111 лицa, a со регистрирани 582 новозаразени бројот на случаите достигна до 101.214 лица

1591115
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 13 починати, 582 нови случаи
super covid19 ingiltere
covid-19.jpg
super covid19 almanya.jpg
ABD SPR korona 2.jpg
ABD SPR korona.jpg
super foto fransa korona fransa 1.jpg
super foto fransa korona 1.jpg
korona3.jpg
koronavirüs abd3.jpg
korona abd süper

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 519 илјади 328 лица, на случаите на зараза изнесува над 113 милиони 550 илјади, а досега оздравеа повеќе од 89 милиони 134 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои и понатаму се епицентар на пандемијата.

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 520 илјади 785, додека бројот на инфектираните изнесува повеќе од 29 милиони 052 илјади 262 лица.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 251 илјада 661 лице, а на случаите на зараза изнесува 10 милиони 393 илјади 886.

Во Велика Британија, во изминатите 24 часа се регистрирани 323 починати и 9.985 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 122.070, а на инфектираните достигна до 4 милиони 154 илјади 562 лица. Велика Британија продолжува да е земја со најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа.

Во Италија, со смртта на уште 308 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 96.974. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 19.886 новозаразени изнесува 2 милиони 868 илјади 435 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 261 лице со што бројот на човечките загуби се зголеми на вкупно 85.582. За еден ден во земјата се регистрирани 25.403 новозаразени и бројот на случаите достигна до 3 милиони 686 илјади 813 лица.

Во Шпанија, во изминатите 24 животот го загубија 345 лица со што бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 68.813 лица, а на инфектираните со раст за 9.568 новозаразен достигна до 3 милиони 180 илјади 212 лица.

Во Германија, со смртта на уште 393 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 70.003, а на инфектираните со 10.782 новозаразени достигна до 2 милиони 426 илјади 819 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 13 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 3.111 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 582 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 101.214 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 374 оздравени пациент, додека вкупната бројка на оздравени изнесува 90.685 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 7.418 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други земји во светот е вака: 

Мексико 183.692, Колумбија 59.396, Аргентина 51.795, Перу 45.903, Полска 43.094, Украина 25.596, Белгија 22.006, Канада 21.865, Чиле 20.310, Романија 20.167, Чешка 19.835, Холандија 15.438,  Швајцарија 9.954.



Слични вести