Комеморации во Баку во знак на сеќавање на жртвите од масакрот на Ерменците во Хоџали

Голем број азербејџански граѓани за сеќавање на 613-те жртви кои беа измасакрирани во Хоџали од страна на Ерменците, го посети споменикот на Мајчиниот крик (Ana Feryadı) во главниот град Баку

1591563
Комеморации во Баку во знак на сеќавање на жртвите од масакрот на Ерменците во Хоџали
Hocalı-2.jpg
Hocalı-3.jpg
Hocalı-4.jpg
Hocalı-1.jpg

Во Азербејџан се одржуваат комеморации во знак на сеќавање на жртвите во масакрот извршен од страна на Ерменците во градчето Хоџали во Нагорно Карабах, на 26 февруари 1992 година, пред точно 29 години.

Голем број азербејџански граѓани за сеќавање на 613-те жртви кои беа измасакрирани во Хоџали од страна на Ерменците, го посети споменикот на Мајчиниот крик (Ana Feryadı) во главниот град Баку.

Пред споменикот на Мајчиниот крик најпрвин се одржа официјална комеморација со учество на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, а потоа споменикот беше отворен за посета на народот.

Голем број Азербејџанци кои со знамиња и постери во своите раце дојдоа пред споменикот, овде во чест на жртвите оставија каранфили.

Жителите на Хоџали кои успеаја да се спасат и блиските на жртвите исто така го посетија споменикот.

Некои од блиските на шехидите (загинатите) и граѓаните читаа дови (молитви), а некои пак сеќавајќи се повторно на доживеаните болки пред 29 години не можеа да ги задржат своите солзи.

Инаку, ерменските сили поддржани и од 366'тиот моторизиран полк на армијата на тогашниот Советски Сојуз на 26 февруари 1992 година го окупираа азербејџанското градче Хоџали во Нагорно Карабах и измасакрираа 613 невини лица од кои 63 беа деца, 106 жени и 70 старци. Од масакрот се спасија  487 тешко ранети лица од кои 76 деца.

Ерменските сили заробија 1.275 лица од кои од 150 лица сѐ уште не можат да се добијат никакви информации.

 



Слични вести