ЕУ, НАТО, САД и Иран повикаа на воздржаност и смиреност во Ерменија

По внатрешните превирања во Ерменија пристигнаа повици од Европската унија (ЕУ), НАТО, САД и Иран до сите страни на воздржаност и смиреност

1590975
ЕУ, НАТО, САД и Иран повикаа на воздржаност и смиреност во Ерменија

Европската унија (ЕУ) и НАТО, по случувањата во Ерменија коишто започнаа со повикот на Армијата до премиерот Никол Пашинјан на оставка, ги повикаа страните на смиреност.

Во објавеното соопштение од канцеларијата на високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел се истакнува дека се следат одблизу случувањата во Ерменија.

Во соопштението се вели дека политичките разлики треба да се решат на мирољубив начин и со приврзаност кон принципите на парламентарната демократија и се упатува повик за смиреност и избегнување од дејствија коишто ќе доведат до зголемување на тензијата.

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску исто така во објавеното соопштение преку социјалната медија истакна дека ги следат одблизу случувањата во Ерменија, која е една од земјите партнери на Сојузот.

Укажувајќи на значењето од избегнување од давање на изјави и преземање на активности кои ќе ја зголемат уште повеќе тензијата, Лунгеску рече: „Политичките разлики треба да се решат по мирољубиви патишта и со демократија во усогласеност со Уставот на Ерменија.“

Соединетите Американски Држави (САД) пак, соопштија дека армијата не треба да се меша во политиката и дека ја поддржуваат ерменската демократија.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) Нед Прајс на одржаната прес-конференција истакна дека ја следат многу одблизу ситуацијата во Ерменија и дека ги повикуваа сите страни на воздржаност.

Прајс рече: „Потсетуваме на основниот демократски принцип дека вооружените сили на државата не треба да интервенираат на внатрешната политика.“

Иран, исто така ги повика страните во Ерменија на „воздржаност“ и „држење далеку од насилство“.

Инаку, началникот на Генералштабот на Ерменија Оник Гаспарјан и високите команданти објавија соопштение со кое го повикаа премиерот Никол Пашинјан на оставка.

Пашинјан пак, ова соопштение на армијата го окарактеризира како „обид за пуч“ и соошти дека го разрешува од должност началникот на Генералштабот Оник Гаспарјан.

 



Слични вести