Алиев: Се надевам дека Ерменија ќе се придржува кон договорот за примирје од 10 ноември

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на одржаната прес-конференција изјави дека се надева оти Ерменија ќе се придржува кон постигнатиот договор за примирје во Нагорно Карабах од 10 ноември

1591388
Алиев: Се надевам дека Ерменија ќе се придржува кон договорот за примирје од 10 ноември

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на одржаната прес-конференција во врска со постигнатиот договор за примирје во Нагорно Карабах од 10 ноември изјави дека се надева оти Ерменија ќе се придржува кон овој договор за да се спречи понатамошна ескалација.

Алиев рече: „Резултатите од војната ќе останат без нивна промена, поголемиот дел од ветувањата се остварени. И покрај ситуацијата до којашто дојде во Ерменија процесот ќе продолжи. Во спротивно ќе западне во уште полоша состојба. Ќе мораат да се соочат со нови вистини.“  

Осврнувајќи се и на процесот во врска со обидот за пуч во Ерменија, Алиев рече: „Протестите ја потресоа крајно ерменската држава. Продолжува кризната состојба во Ерменија, принципиелно ние не се мешаме во внатрешните работи на ниту една земја.“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев укажа дека одговорноста за оваа состојба и припаѓа на актуелната Влада и го рече следното: „Ерменија сега е во мошне тешка состојба. Причината за тоа се сегашната и претходните Влади. Причината пради која Ерменија е дојдена до оваа состојба е таа што води окупаторска политика.“



Слични вести