Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 88.723.000

1590371
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 2.508.940 лица. Бројот на заразените од вирусот изнесува над 113.101.000 а бројот на оздравените над 88.723.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата, во последните 24 часа се зголеми на 518.363. Бројот на заразените во земјата се зголеми на 28.974.620 лица. Во сојузната држава Калифорнија беше забележан нов вид на коронавирусот за кој се тврди дека бил позаразен и поопасен. Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) соопшти дека вакцината против Ковид-19 која беше развиена од страна на фармацевтската компанија Џонсон енд Џонсон, била безбедна и ефикасна против вирусот и обезбедува 66 отсто заштита од болеста. Американските компании Фајзер, Модерна и Џонсон енд Џонсон дадоа гаранција дека до крајот на март ќе произведат 240 милиони дози вакцини против новиот тип на Ковид-19. Американската администрација потпиша договор со 5 различни фармацевтски компании за откуп на над 1 милијарда дози вакцини против Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија се зголеми за уште 442, додека бројот на заразените се зголеми за уште 9.938. Вкупниот број на смртните случаи во земјата изнесува 121.747, додека на заразените се зголеми на 4.144.577.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 318 и изнесува 96.666. Бројот на заразените во земјата се зголеми за уште 16.424 и изнесува 2.848.564.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во последните 24 часа во Франција се зголеми за уште 277 и изнесува 85.321. Бројот на заразените во земјата се зголеми за уште 31.519 и изнесува 3.661.410. Во рамките на вториот бран на епидемијата во Франција, некои здравствени работници чии резултати од тестовите беа позитивни ама не покажуваа симптоми продолжија да работат поради загриженост од недостиг на персонал и премии.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во последните 24 часа во Шпанија се зголеми за уште 389 и изнесува 68.468. Бројот на заразените во земјата се зголеми за уште 9.212 и изнесува 3.170.644.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во последните 24 часа во Португалија се зголеми за уште 50 и изнесува 16.136. Бројот на заразените во земјата се зголеми за уште 1.480 и изнесува 800.586.



Слични вести