Во покраината Баварија во Германија ќе се воведе факултативна настава по исламска религија

Одлуката на покраинската Влада ќе биде ставена во примена по нејзиното усвојување и во Парламентот на покраината Баварија

1589422
Во покраината Баварија во Германија ќе се воведе факултативна настава по исламска религија

Во покраината Баварија во Германија почнувајќи од наредната учебна година ќе се воведе факултативна настава по исламска религија.

Во објавеното соопштение на интернет страницата на покраината Баварија се истакнува дека на овој предмет на учениците освен тоа што ќе им се дава образование со знаења во врска со исламската религија ќе се изичуваат на германски јазик и основните вредности на исламот согласно духот на Уставите на Германија и Баварија.

Во соопштението се истакнува дека предметот по исламска религија ќе се одржува од страна на државни наставници кои располагаат со надлежност да вршат просветна дејност во државните училишта или со друга педагошка компетентност.

Одлуката на покраинската Влада ќе биде ставена во примена по нејзиното усвојување и во Парламентот на покраината Баварија.

Инаку, на наставата по исламска религија којашто почна да се изучува во 2009 година во рамките на пилот проектот учествуваат приближно 17 илјади муслимански ученици во приближно 360 основни и средни училишта.

Во покраината Баварија во Германија има повеќе од 160 илјади муслимански ученици.



Слични вести