Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 9 починати, 509 инфектирани

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 19смртни случаи од Ковид-19 со што вкупниот број на починатите се зголеми на 3.085 лицa, a со регистрирани 509 новозаразени бројот на случаите достигна до 99.917 лица

1589450
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 9 починати, 509 инфектирани
covid-19.jpg
super covid19 ispanya2.jpg
super covid19 ispanya.jpg
super covid19 ingiltere.jpg
super covid19 almanya.jpg
super covid19 ingiltere
korona3.jpg
koronavirüs abd3.jpg
korona ingiltere 02.jpg
korona abd süper

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 496 илјади 749 лица, на случаите на зараза изнесува над 112 милиони 654 илјади, а досега оздравеа повеќе од 88 милиони 240 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои и понатаму се епицентар на пандемијата.

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 514 илјади 996, додека бројот на инфектираните изнесува повеќе од 28 милиони 897 илјади 718 лица.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 248 илјади 646 лица, а на случаите на зараза изнесува 10 милиони 260 илјади 621.

Во Велика Британија, во изминатите 24 часа се регистрирани 548 починати и 8.489 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 121.305, а на инфектираните достигна до 4 милиони 134 илјади 639 лица. Велика Британија продолжува да е земја со најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа.

Во Италија, со смртта на уште 356 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 96.348. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 13.314 новозаразени изнесува 2 милиони 832 илјади 162 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 341 лице со што бројот на човечките загуби се зголеми на вкупно 85.044. За еден ден во земјата се регистрирани 20.064 новозаразени и бројот на случаите достигна до 3 милиони 629 илјади 891 лице.

Во Шпанија, во изминатите 24 часа животот го загубија 443 лица со што бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 68.079 лица, а на инфектираните со раст за 7.461 новозаразен достигна до 3 милиони 161 илјада 432 лица.

Во Германија, со смртта на уште 442 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 69.214, а на инфектираните со 5.763 новозаразени достигна до 2 милиони 405 илјади 263 лица.

Во Португалија, во изминатите 24 починаа 63 лица со што бројот на човечките загуби се искачи на 16.086, а на инфектираните со раст од 1.032 лица изнесува 799.106 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 9 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 3.085 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 509 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 99.917 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 354 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени изнесува 90.096 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 6.736 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други земји во светот е вака: 

Мексико 181.809, Колумбија 59.118, Аргентина 51.510, Перу 45.487, Полска 42.436, Украина 25.309, Белгија 21.956, Канада 21.762, Чиле 20.151, Романија 20.013, Чешка 19.537, Еквадор 15.567, Холандија 15.343,  Швајцарија 9.930.

 



Слични вести