Американскиот претседател Бајден разговараше телефонски со ирачкиот премиер Ќазими

Во објавеното писмено соопштение од Белата куќа во врска со разговорот се истакнува дека претседателот Бајден ја потврди поддршката на САД за суверенитетот и независноста на Ирак и посочи на тоа дека го ценат лидерството на премиерот Ќазими

1589563
Американскиот претседател Бајден разговараше телефонски со ирачкиот премиер Ќазими

Американскиот претседател Џо Бајден оствари телефонски разговор со ирачкиот премиер Мустафа Ќазими.

Во објавеното писмено соопштение од Белата куќа во врска со разговорот се истакнува дека претседателот Бајден ја потврди поддршката на САД за суверенитетот и независноста на Ирак и посочи на тоа дека го ценат лидерството на премиерот Ќазими. 

Во соопштението се вели следното: „Двајцата соговорници разговараа за ракетните напади во последните денови чија цел беа персоналот на Ирак и коалиционите сили и постигнаа согласност по прашањето на тоа дека сторителите на нападите треба да бидат оценети како целосно одговорни и да сносат целосна одговорност.“

Освен тоа, во соопштението се истакнува дека Бајден и Ќазими го нагласија значењето и на развивањето на односите помеѓу САД и Ирак преку каналот за „Стратешки дијалог“.

Инаку, минатата недела беа реализирани ракетни напади врз аеродромот во градот Ербил кадешто се стационирани и американски војници, а претходниот ден беа реализирани ракетни напади и врз заштитената Зелена зона во главниот град Багдад.

Голем број извори во регионот укажуваат на тоа дека одговорен за нападите е Иран, додека функционери на САД велат дека сѐ уште не се завршени истражувањата за идентификување на сторителите на нападите.



Слични вести