Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 87.798.000

1588784
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 2.485.390 лица. Бројот на заразените од вирусот изнесува над 112.263.000 а бројот на оздравените над 87.798.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата се зголеми на 512.590. Бројот на заразените во земјата изнесува 28.826.307 лица.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во Бразил изнесува 639, во Мексико 429, во Перу 166, во Аргентина 163, во Колумбија 140, во Чиле 84 и во Боливија 29. Според овие податоци, вкупниот број на смртни случаи во Бразил се зголеми на 246.276, во Мексико на 180.536, во Перу на 45.263, во Аргентина на 51.359, во Колумбија на 58.974, во Колумбија на 58.974, во Чиле на 20.126 и во Боливија на 11.470.

Владата на Мексико соопшти дека ќе почне вакцинација на имигрантите од над 60 годишна возраст со вакцината Коронавак која беше ра5звиена од страна на кинеската компанија Синовак.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија се зголеми за уште 174, додека бројот на заразените се зголеми за уште 10.641. Вкупниот број на смртните случаи во земјата изнесува 120.757, додека на заразените се зголеми на 4.126.150. Премиерот Борис Џонсон рече дека карантинот во земјата ќе може постепено да се укине од 8 март, зависно и земајќи ги во предвид бројот на случаите и вакцинираните.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 274 и изнесува 95.992. Бројот на заразените во земјата се зголеми за уште 9.630 и изнесува 2.818.863.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Франција се зголеми за уште 333 и изнесува 84.613. Со регистрирање на уште 4.646 ново заразени за само еден ден, вкупниот број на заразени во земјата изнесува 3.609.827. Во рамките на превентивните мерки против Ковид-19 во две подрачја на Париз во одредени часови беше воведена забрана за консумирање алкохол.



Слични вести