Напад врз џамијата Ејуп султан која се гради во Франција

На ѕидот на џамијата пишуваше „Не на исламот, вратете се во вашата земја“

1588728
Напад врз џамијата Ејуп султан која се гради во Франција

На ѕидот на џамијата Ејуп Султан, која се гради во Франција беа напишани анти-исламски написи.

Во соопштението кое беше објавено на профилот на социјалните медиуми на џамијата која е поврзана кон Националната визија на исламската заедница (ИГМГ), на ѕидот на џамијата пишувало „Не на исламот, вратете се во вашата земја“.

Во соопштението на Националната визија на исламската заедница (ИГМГ) беше истакнато следното:

„Овој настан ја одразува штетната атмосфера во која денес се наоѓа Франција“.

Кога ќе заврши изградбата на џамијата Ејуп Султан, ќе биде најголемата џамија во Европа.

Комплексот објекти (ќуллије) изграден според османлиската архитектура, на површина од 15 хектари земја, ќе месџид со капацитет од 3 илјади лица, сали за конференции, училиште, библиотека, просторија за наставници, ресторани и бутици, како и паркинг со 600 возила и велосипедски парк.

Околу главната купола на џамијата има 27 мали куполи  и со двете минариња висопки по 44 метри се очекува да ја збогатат колоритноста на верската, архитектонската и културна разновидност на Стразбур.



Слични вести