Во терористичкиот ракетен напад на ПКК на Ајн Иса загинаа 2 војници на СНА
Турските вооружени сили исто така со хаубиците „Фиртина“ ги гаѓаа терористичките цели
1588534

Во ракетниот напад на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ на војниците на Сириската национална армија (СНА) во Тел Абјад, загинаа 2, а 7 војници беа повредени.
Терористите на ПКК/ЈПГ со радарски водени ракети го нападнаа контролниот пункт во градот Ајн Иса во областа Тел Абјад во Сирија.
Во експлозијата на возилото кое ги пренесуваше војниците на СНА загинаа 2, а 7 војници беа повредени.
Повредените војници по првата интервенција во болницата во Тел Абјад беа испратени во Турција.
По нападот, СНА ги гаѓаа утврдените терористички позиции.
Турските вооружени сили исто така со хаубиците „Фиртина“ ги гаѓаа терористичките цели.