Во напад на конвојот на ОН во Демократска Република Конго загина италијанскиот амбасадор во оваа земја

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Италија се истакнува следното: „Со длабоко жалење ја потврдуваме смртта на италијанскиот амбасадор во Демократска Република Конго Лука Атанасио и на еден италијански војник.“

1588529
Во напад на конвојот на ОН во Демократска Република Конго загина италијанскиот амбасадор во оваа земја

Во реализиран напад на конвојот на Обединетите нации (ОН) во Демократска Република Конго загина италијанскиот амбасадор Лука Атанасио и еден италијански војник.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Италија се истакнува следното: „Со длабоко жалење ја потврдуваме смртта на италијанскиот амбасадор во Демократска Република Конго Лука Атанасио и на еден италијански војник.“

Во соопштението се вели дека нападот бил извршен додека италијанскиот амбасадор Лука Атанасио и еден војник од италијанската жандармерија патувале во еден автомобил на конвојот на Мисијата на Обединетите нации за воспоставување на стабилноста во Демократска Република Конго MONUSCO. 

Исто така и во вестите објавени во италијанскиот печат се споделуваат информации дека целта на нападот врз конвојот на ОН била да се киднапираат лицата кои се наоѓале во конвојот. 

 



Слични вести