Турција изрази загриженост поради недоразбирањата во врска со изборниот процес во Сомалија

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Чувствуваме загриженост поради негативните случувања во последните денови поради недоразбирањата во врска со процесот на изборите во Сомалија“

1587966
Турција изрази загриженост поради недоразбирањата во врска со изборниот процес во Сомалија

Турција соопшти дека чувствува загриженост од случувањата во Сомалија поради недоразбирањата во врска со изборниот процес во оваа земја.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Чувствуваме загриженост поради негативните случувања во последните денови поради недоразбирањата во врска со процесот на изборите во Сомалија.“

Во соопштението се упатува повик до сите страни да делуваат со здрав разум озбегнувајќи ги активностите коишто би довеле до насилство и се изнесува следната констатација: „Значајно е да се состанат Федералната Влада и лидерите на регионалната управа и со сеопфатен и конструктивен дијалог да се обидат да ги решат недоразбирањата, на основа на постигнатиот компромис на 17 септември 2020 година.“ 

Во соопштението се нагласува дека Турција верува оти пријателскиот и братски сомалиски народ располага со волја и политичка зрелост за определување на својата сопствена иднина.

„Во тие рамки, посакуваме без да се губи време да се постигне компромис по прашањето на изборниот процес, на основа на обострано разбирање.“ - се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Инаку, кандидатите за претседател на сомалиската опозиција на 15 февруари го повикаа народот да излезе на улица, а во знак на протест против тоа што сомалискиот претседател Мухамед Абдулахи Фармаџо и покрај тоа што на 8 февруари му истече мандатот продолжува да следи на претседателската фотелја.

Откако додека опозицијата се подготвуваше за масовни протести сомалиските власти под изговор на зголемување на бројот на случаите на новиот тип коронавирус (Ковид-19) на 17 февруари ги забрани сите состаноци, собирања и манифестации, дојде до зголемување на затегнатоста во земјата.

Во реализираниот бомбашки напад вчера чија цел беше возилото на еден владин функционер во главниот град на Сомалија, Могадишу, животот го загубија две лица, а голем број лица беа ранети.



Слични вести