Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 16 починати, 254 новозаразени

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 16 смртни случаи од Ковид-19 со што вкупниот број на починатите се зголеми на 3.063 лицa, a со регистрирани 254 новозаразени бројот на случаите достигна до 99.285 лица

1587889
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 16 починати, 254 новозаразени
covid-19.jpg
super covid19 ispanya2.jpg
super covid19 ispanya.jpg
super covid19 ingiltere.jpg
super covid19 almanya.jpg
super covid19 ingiltere
super foto fransa korona 1.jpg
korona3.jpg
koronavirüs abd3.jpg
super foto fransa koronavirus fransa 1.jpg
korona ingiltere 02.jpg
korona abd süper

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 477 илјади 839 лица, на случаите на зараза изнесува над 111 милиони 957 илјади, а досега оздравеа повеќе од 87 милиони 319 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои и понатаму се епицентар на пандемијата.

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 511 илјади 133, додека бројот на инфектираните изнесува повеќе од 28 милиони 765 илјади 423 лица.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 246 илјади 560 лица, а на случаите на зараза изнесува 10 милиони 168 илјади 174.

Во Велика Британија, во изминатите 24 часа се регистрирани 215 починати и 9.834 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 120.518, а на инфектираните достигна до 4 милиони 115 илјади 509 лица. Велика Британија продолжува да е земја со најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа.

Во Италија, со смртта на уште 232 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 95.718. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 13.452 новозаразени изнесува 2 милиони 809 илјади 246 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 159 лица со што бројот на човечките загуби се зголеми на вкупно 84.306. За еден ден во земјата се регистрирани 22.046 новозаразени и бројот на случаите достигна до 3 милиони 605 илјади 181 лице.

Во Шпанија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 67.101 лице, а на инфектираните достигна до 3 милиони 133 илјади 122 лица.

Во Германија, со смртта науште 100 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 68.443, а на инфектираните со 6.098 новозаразени достигна до 2 милиони 394 илјади 515 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 16 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 3.063 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 254 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 99.285 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 151 оздравен пациент, додека вкупната бројка на оздравени изнесува 89.400 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 6.822 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други земји во светот е вака: 

Мексико 179.797, Колумбија 58.834, Аргентина 51.198, Перу 45.097, Полска 42.171, Украина 25.103,Белгија 21.887, Канада 21.674, Чиле 20.042, Романија 19.847, Чешка 19.214, Еквадор 15.536, Холандија 15.217,  Швајцарија 9.887.

 



Слични вести