Се наполнија шест дена од протестите во Шпанија за поддршка на раперот Пабло Хасел

Протестите се интензивирани во големите градови во Каталонија како што се Барселона, Гирона и Леада, а вчера беа одржани протести и во некои градови во областа Баскија

1587955
Се наполнија шест дена од протестите во Шпанија за поддршка на раперот Пабло Хасел

За време на протестите во Каталонија во Шпанија за поддршка на уапсениот рапер Пабло Хасел кои шест дена како продолжуваат се притворени 107 лица, а 82 лица се повредени.

Протестите кои започнаа по апсењето на раперот Пабло Хасел на 16 февруари присилно од страна на полицијата поради претходно изречена затворска казна, најпрвин започнаа со барање за негово ослободување и потоа се претворија во насилство и вандализам.

Протестите се интензивирани во големите градови во Каталонија како што се Барселона, Гирона и Леада, а вчера беа одржани протести и во некои градови во областа Баскија.

Барселона која се истакнува како град кадешто досега протестите беа најжестоки, продолжија и вчера вечер.

Демонстрантите приврзаници на екстремно левичарските групи фрлаа со камења и ги скршија стаклата на некои продавници во центарот на градот, ги запалија контејнерите за отпад и барикатите коишто ги поставија по улиците, а воедно фрлаа шишиња и нападнаа и една полициска станица.  

Полицијата која презеде строги безбедносни мерки од широк обем притворија 6 лица, од кои 5 мина кои ги ограбувале продавниците.

Во објавеното соопштение од полициски извори за шпанскиот печат се истакнува дека билансот на шестдневните протести во Каталонија изнесува 82'јца повредени и 107 притворени лица.

Поголемиот дел од притворените лица беа изнесени пред суд и потоа беа пуштени на слобода.

Од друга страна, е споделена информацијата дека во градот Билбао е притворено едно лице кое вршело штета наоколу и извршило напад врз полицијата.

Инаку, раперот Пабло Хасел кој поради користење на некои изрази на социјалната мрежа Твитер и во своите песни со кои се величи тероризмот и се упатува навреда на Кралот и државните институции беше осуден на деветмесечна затворска казна, на 16 февруари беше присилно уапсен од страна на полицијата и беше ставен во затвор.

Судот во каталонскиот град Леада ја потврди новата затворска казна за раперот Пабло Хасел во траење од 21 месец поради физички закани на сведок на едно судење и опструкции на самото судење во 2017 година и на тој начин  заедно со претходно изречената казна поради контроверзните стихови и твитови е осуден на вкупно 2,5 години затвор.

 



Слични вести