Претседателот на МААЕ Рафаел Гроси во Техеран се состана со Џевад Зариф

На остварената средба во зградата на Министерството Гроси и Зариф разменија мислења во врска со соработката меѓу Техеран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и напорите коишто ги вложува Агенцијата за решавање на проблемите

1587844
Претседателот на МААЕ Рафаел Гроси во Техеран се состана со Џевад Зариф

Претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси во рамките на своите средби и разговори во Техеран се состана со иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф.

Според објавеното соопштение од иранското Министерство за надворешни работи, на остварената средба во зградата на Министерството Гроси и Зариф разменија мислења во врска со соработката меѓу Техеран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и напорите коишто ги вложува Агенцијата за решавање на проблемите.

Постојаниот претставник на Иран во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Ќазим Гарибабади пак, во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека разговорите меѓу Гроси и иранските функционери поминаа „корисно“.

Гарибабади рече дека ќе биде објавено соопштение во врска со резултатот од разговорите во Техеран.

Инаку, по напуштањето на Дополнителниот протокол којшто се применува во склопот на Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ) од страна на Техеран на 23 февруари и зголемувањето на нуклеарните активности, претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси прексиноќа замина за Техеран и вчера се состана и со претседателот за Институцијата за атомска енергија на Иран Али Екбер Салихи.

 



Слични вести