Новата либиска управа жестоко го осуди обидот за атентат врз министерот за внатрешни работи Башага

Либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе во објавеното заедничко соопштение со претседателот на претседателскиот совет Мухамед Менфи на својот профил на Твитер соопшти дека жестоко го осудуваат обидот за атентат врз министерот за внатрешни работи Фетхи Башага

1588260
Новата либиска управа жестоко го осуди обидот за атентат врз министерот за внатрешни работи Башага

Новата управа на Либија жестоко го осуди обидот за атентат врз министерот за внатрешни работи Фетхи Башага.

Либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе во објавеното заедничко соопштение со претседателот на претседателскиот совет Мухамед Менфи на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека жестоко го осудуваат обидот за атентат врз министерот за внатрешни работи Фетхи Башага.

Во соопштението се упатува повик до судските органи и силите за спроведување на законот да се започне транспарентна и фер истрага во врска со случајот и оние кои се вмешани.

Менфи и Дибејбе го изразија и своето сочувство за загинатото едно лице во случајот.

Во објавеното соопштение од Високиот државен совет исто така се истакнува дека се осудува отворениот оган врз конвојот на министерот за внатрешни работи Фетхи Башага кој се движеше во областа Џанзур.

Слична осуда пристигна и од претседателот на Претставничкото Собрание во Тобрук Акиле Салих.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Италија пак, се истакнува следното: „Италија жестоко го осудува нападот врз министерот за внатрешни работи на Владата на национално единство на Либија Фетхи Башага. Италија ја истакнува својата солидарност со министерот Башага и неговата екипа, за овој неприфатлив случај.“

Министерството за внатрешни работи на Либија соопшти дека врз конвојот министерот Фетхи Башага на 21 февруари во недела околу 15:00 часот на пат кон неговата резиденција во областа Џанзур во западниот дел на главниот град Триполи беше отворен оган со митралези од пикап возило науружано со тешко оружје и дека притоа министерот Башага успеа да се спаси од нападот без да здобие повреди.

 



Слични вести