Ханс Клуге: Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши на почетокот на 2022 година

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа д-р Ханс Клуген истакна дека никој однапред не можеше да ги знае случувањата во пандемијата на Ковид-19 и рече: „Мислам дека пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година.“

1587933
Ханс Клуге: Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши на почетокот на 2022 година

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе заврши на почетокот на 2022 година и дека најлошото сценарио е пребродено.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа д-р Ханс Клуге во дадените изјави за државната телевизија на Данска „ДР“ истакна дека и 2021 година ќе биде година на пандемијата на Ковид-19, но дека во споредба со 2020 година ќе се биде повоздржано и ќе може да се управува подобро со неја.

Клуге рече дека најлошото сценарио е пребродено и дека во споредба со 2020 година кога почна да се шири пандемијата сега се располага со поголеми знаења во врска со вирусот.

Нагласувајќи дека никој однапред не можеше да ги знае случувањата во пандемијата на Ковид-19 и соопштувајќи ја својата прогноза, Клуге рече: „Мислам дека пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година.“

„Вирусот ќе продолжи да го има, меѓутоа не мислам дека ќе постои потреба од ограничувања. Ова е оптимистичка порака.“ - рече Тој.

Правејќи проценка и на мутацијата на Ковид-19, Ханс Клуге појасни дека мутациите се нормално и дека вирусот се обидува да се адаптира кон лицето на кое се пренесува, но дека загрижува тоа што мутациите се шират брзо.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа д-р Ханс Клуге напомена дека поради брзината на ширење на новите видови мутации на Ковид-19 коишто се шират побрзо и се попреносливи многу строго се следи тоа колку се ефикасни развиените вакции против Ковид-19, а воедно додаде дека доколку затреба вакцините би можеле да бидат адаптирани според новите мутации и дека нема потреба од производство на нови вакцини за мутациите на Ковид-19.

 



Слични вести