Израел со отворање на испусните вентили на браните поплави 700 хектари поседи во Појасот Газа

Министерството за земјоделство во појасот Газа соопшти дека Израел ги отвори испусните вентили на браните во кои се собира водата од дождовите при што стотици хектари земјоделски поседи останаа под вода и е причинета штета од околу 1,5 милиони долари

1587917
Израел со отворање на испусните вентили на браните поплави 700 хектари поседи во Појасот Газа

Откако Израел ги отвори испусните вентили на браните во Појасот Газа беа поплавени и останаа под вода приближно 700 хектари земјоделски поседи.

Палестинското министерство за земјоделство во појасот Газа соопшти дека Израел ги отвори испусните вентили на браните во кои се собира водата од дождовите при што стотици хектари земјоделски поседи останаа под вода и е причинета штета во секторот на земјоделството во износ од приближно 1,5 милиони долари.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството се истакнува дека откако Израел ги отвори испусните вентили на браните во Појасот Газа останаа под вода приближно 700 хектари поседи од кои 600 хектари во источниот дел на градот Газа и 100 хектари во источниот дел на Бејт Ханун.

Во соопштението се вели дека Израел за еден месец на два пати ги поплави земјоделските поседи во близина на источната граница на Појасот Газа, а воедно се упатува повик до организациите за човекови права за итна интервенција за стопирање на прекршувањата на Израел врз земјоделскиот сектор во Газа.

Инаку, Израел за искористување на водата од дождовите гради брани. Но потоа зиме откако ќе се покачи нивото на водата во овие брани без доставување на било какво предупредување ги отвора испусните вентили на овие брани со што им се нанесува голема штета на земјоделските поседи на земјоделците во Појасот Газа.



Слични вести