Бајден поради снежното невреме прогласи „голема катастрофа“ во Тексас

Американскиот претседател Џо Бајден поради снежното невреме кое зафати голем број области во земјата прогласи „голема катастрофа“ во сојузната држава Тексас

1587521
Бајден поради снежното невреме прогласи „голема катастрофа“ во Тексас

Поради силното снежно невреме коешто зафати голем број области во Соединетите Американски Држави (САД), а пред се сојузната држава Тексас, досега животот го загубија приближно 60 лица.

Американскиот претседател Џо Бајден поради силните поларни студови коишто приближно една недела како ги зафатија внатрешните, централните и јужните делови на земјата прогласи „голема катастрофа“ во сојузната држава Тексас.

Според веста на „CNN“, во објавеното соопштение од Белата куќа се истакнува дека претседателот Бајден за доставување поддршка на активностите за спасување во областите погодени од силното зимско невреме и големите студови прогласи „голема катастрофа“, а воедно издаде наредба за доставување на федерална помош за поддршка на работите за спасување во сојузната држава и на локално ниво.

Од друга страна, во сојузната држава Тексас почна повторно да се дистрибуира електрична енергија, додека приближно 80 илјади луѓе немаат пристап до електрична енергија, а воедно приближно 14 милиони луѓе во сојузната држава сеуште се соочуваат со тешкотии во пристапот до чиста вода.

Локални извори во сојузната држава Тексас информираат дека острите зимски услови коишто владеат во последната една недела станаа причина за штета од 45-50 милијарди долари.

 



Слични вести