Повик од ЕУ и НАТО до САД за заедничко делување против Русија и Кина

На онлајн Конференцијата за безбедност во Минхен одржаа говори и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен

1587255
Повик од ЕУ и НАТО до САД за заедничко делување против Русија и Кина

На Конференцијата за безбедност во Минхен НАТО и Европската унија (ЕУ) што се одржа во виртуелна средина упатија повик за зајакнување на трансатлантските односи со новата управа на Соединетите Американски Држави (САД) особено по меѓународни прашања како што се Русија и подемот на Кина, како и повторно воспоставување на посилен начин на врската помеѓу Европа и Северна Америка којашто ослабува во последните неколку години.   

На онлајн конференцијата одржаа говори и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен.

Столтенберг истакна дека со нетрпение очекува да ги пречека новиот претседател на САД Џо Бајден и лидерите на другите НАТО земји за утврдување на „новата трансатлантска агенда“ на годинашниот самит во Брисел.

Потсетувајќи дека во последните години се согледуваат некои разлики меѓу Европа и САД, Столтенберг рече: „Сега пред нас се наоѓа една историска можност за формирање на посилен Сојуз, повторно воспоставување на довербата и зајакнување на нашето единство.“

Јенс Столтенберг истакна дека пред Европа и Северна Америка се наоѓаат големи предизвици коишто ги наброи како подемот на Кина, развиените сајбер напади, разорувачките технологии, климатските промени, дестабилизирачкото однесување на Русија и терористичката закана.

Велејќи „Ниту една земја, ниту еден континент не можат да им се спротивстават сами“, Столтенберг укажа на значењето од делување во единство.

Тој нагласи дека Европа и Северна Америка морат да го бранат меѓународниот правен поредок соочен со предизвиците на авторитарните сили.

„Кина и Русија за своите сопствени интереси се обидуваат наново да ги напишат правилата на патувањето. Подемот на Кина е многу значајно прашање за нашите трансатлантски заедници од аспект на резултатите коишто ќе ги донесе во безбедноста, просперитетот и нашиот начин на живот. Затоа, НАТО треба да ги продлабочи своите односи со своите блиски партнери како Австралија и Јапонија и треба да формира нови партнерства во светот.“ - порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел во својот говор нагласи дека Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД) треба да работат за одбрана и зајакнување на своите вредности, просперитетот и силата на влијание.

Мишел првенствено укажа на прашања како што се борбата против епидемијата на Ковид-19, трговијата, дигиталниот развој, преминот кон еколошки политики, праведното одданочување.

Нагласувајќи дека Европската унија (ЕУ) посакува силно и доверливо партнерство со Соединетите Американски Држави (САД), Шарл Мишел рече: „Дојдете нашето партнерство да го доведеме во состојба на центар на моќ за еден подобар свет. Повторно добродојде Америка.“

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен во својот говор укажа дека глобалната агенда по пандемијата на Ковид-19 ќе ја утврдат климатските промени.

Таа веќе: „За да би биле успешни во борбата против климатските промени имаме потреба и од другите земји.“

Лејен ги повика Соединетите Американски Држави (САД) заедно со Европскат унија (ЕУ) да ја подготват книгата со правила по прашањето на дигиталната економија.

Потсетувајќи дека и покрај пандемијата Кина во 2020 година постигна сериозен раст, додека Русија продолжи да ги прекршува правилата внатре во земјата и надвор од земјата, претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен нагласи дека ЕУ и САД како сојузници и доверливи партнери треба да ја зајакнат својата соработка.

 



Слични вести