Ангела Меркел: Германија е спремна за „ново поглавје“ во трансатлантското партнерство

Германската канцеларка Ангела Меркел во одржаниот говор на онлајн Конференцијата за безбедност во Минхен истакна дека нејзината земја е спремна да отвори „ново поглавје“ во трансатлантското партнерство со Соединетите Американски држави (САД)

1587227
Ангела Меркел: Германија е спремна за „ново поглавје“ во трансатлантското партнерство

Германската канцеларка Ангела Меркел говореше на онлајн Конференцијата за безбедност во Минхен кадешто меѓу другото посака да бидат развиени поголем број заеднички приоди меѓу земјите и истакна дека нејзината земја е спремна да отвори „ново поглавје“ во трансатлантското партнерство со Соединетите Американски држави (САД).

Меркел порача дека САД и Европа следат заедничка агенда во трансатлантските односи и го рече следното: „Секогаш нема да постои еднаквост на интерес. Немам никаква илузија во врска со тоа. Треба да се зборува отворено и во врска со разликите.“

Алудирајќи на разликите во мислењето коишто нејзината земја ги доживува со САД  во последните години, германската канцеларка рече: „Има многу работи коишто треба да се направат. Германија е спремна да отвори нова страница во трансатлантското партнерство.“

Таа напомена дека во последните години не е постигнат напредок по прашањето на територијалниот интегритет на Украина во врска со што ја критикуваше Русија.

Велејќи „Русија создава хибридни конфлитки меѓу државите ченки на Европската унија (ЕУ)“, Меркел истакна дека затоа е значајно да се развие заедничка трансатлантска агенда со Русија. 

Ангела Меркел појасни дека германската армија 18 години како е на задача во Авганистан и дека доколку мисијата биде успешна би можеле да останат подолго во оваа земја.

Германската канцеларка Ангела Меркел, во својот говор на онлајн Конференцијата за безбедност во Минхен се осврна и на Кина за која укажа на тоа дека се стекнува со глобално влијание и го рече следното: „Ние како трансатлантски сојуз и демократии на светот треба да одговориме со соодветни чекори на сето тоа.“

 



Слични вести