Роверот на НАСА „Персеверанс“ успешно се спушти во кратерот Језеро на површината на Марс

Вселенскоот летало на НАСА од типот ровер „Персеверанс“ тешко 1 тон по приближно 7 месечно патување и поминати 470 милиони километри во вселената во 15:55 часот по источно американски време успешно се спушти во кратерот Језеро на планетата Марс

1586762
Роверот на НАСА „Персеверанс“ успешно се спушти во кратерот Језеро на површината на Марс

Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) соопшти дека роверот (извидувачкото возило) по име „Персеверанс“ успешно се спушти на површината на Марс во предвиденото време, што претставува почеток на најамбициозната мисија на НАСА, досега.

Вселенскоот летало на НАСА од типот ровер „Персеверанс“ тешко 1 тон по приближно 7 месечно патување во вселената во 15:55 часот по времето во источна Америка се спушти во кратерот Језеро. 

Успешното слетување беше потврдено со радиопораки испратени на Земјата од кратерот Језеро.

Слетувањето беше емитувано во живо од страна на НАСА, додека поради големата оддалеченост снимките со првиот дипопир со површината на планетата Марс можеа да им бидат испратени на гледачите на емисијата со доцнење од приближно 11 минути.

Вселенското летало кое од станицата на НАСА на воздухпловните сили Кејп Канаверал во сојузната држава Флорида во САД, беше лансирано на 30 јуни 2020 година по седуммесечното патување и поминати 470 милиони километри успеа да пристигне на Црвената планета, во предвидениот датум.

НАСА пред еден ден соопшти дека „Персеверанс“ го продолжува патувањето по „една извонредна линија“ и очекуваат слетување без проблеми, така што по испратеното вселенско летало „Викинг“ кое во 1970-тите години успеа да пристигне на Марс, за прв пат се стекна со директна можност да ги пронајде трагите од древен живот на Црвената планета.

„Персеверанс“ слета на планетата Марс опремен со бројни напредни инструменти, со 23 камери и со неколку микрофони. Две камери се монтирани на мал хеликоптер кој ќе се обиде да лета во разретчената атмосфера на Марс и да снима наоколу.

Инаку, од претходните 14 обиди за слетување на Марс само осум беа успешни сите на САД.

На тој начин САД станаа единствената земја која по девети пат успеа успешно да испрати вселенско летало на Марс.

Две вселенски летала (роверите) „Инсајт“ (InSight) и „Куриозити“ (Curiosity) се уште ги продолжуваат своите истражувања на орбитата на Црвената планета.

 



Слични вести