Хеико Мас: Расизмот стана вообичаен во секојдневниот живот во земјата и го упропастува, убива животот

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас на првата годишнина од расистичките напади во градот Ханау во кои беа убиени 9 лица истакна дека расизмот стана вообичаен во секојдневниот живот во земјата и го упропастува, убива животот

1587127
Хеико Мас: Расизмот стана вообичаен во секојдневниот живот во земјата и го упропастува, убива животот

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека чувствува жалење од расистичките напади во градот Ханау во кои пред една година беа убиени 9 лица.

Мас напиша дека расизмот стана вообичаен во секојдневниот живот во земјата и го упропастува, убива животот.

„Расизмот во нашата земја стана секојдневие, го упропастува, убива животот. Никој од нас не може да каже дека не ги предвидовме случувањата во Ханау.“ - констатира Мас и потсети дека според податоците на Службата за заштита на Уставниот поредок на Внатрешно разузнавачката служба на Германија  во земјата живеат 33 илјади екстремни десничари од кои 13 илјади со тенденција на насилство.“ - рече Хаико Мас.

Тој во својата споделена објава поставувајќи го прашањето „Тој тренд расте. Тогаш зошто кај нас не бијат сите ѕвона за тревога?“ го критикуваше ставот кон блиските на жртвите и рече: „Како е можно семејствата на жртвите и понатаму да се жалат од непочитување и бирократска ладнокрвност со кои денеска сеуште се среќаваат во официјалните служби и институции? Можеби е затоа што имињата на жртвите се Фатих, Мерцедес и Седат, а не Петер, Мари или Џорџ. Тоа е поради тоа што на нив гледаме како странци, а не како на граѓани со еднакви права во нашата земја. Тоа е поради тоа што секојдневниот расизам во институциите, официјалните служби, продавниците, училиштата, автобусите и возовите, влијае на нив, а не на нас.“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас посака да се води борба против екстремната десница и го рече следното: „Да го откриеме структуралниот расизам и да го оддалечиме од нас. Да се истражува екстремизмот, антисемитизмот и расизмот меѓу безбедносните сили можеше да биде прв чекор. Да водиме сериозна борба против екстремната десница и меѓународните расистички мрежи.“

Мас исто така побара во јавноста и во парламентите да се застане против расистичките провокации и ја подвлече потребата од политичка борба против екстремно десничарските популисти.

Воедно и германскиот министер за внатрешни работи Хрост Шехофер истакна дека сите луѓе во земјата треба да живеат безбедно и го сподели следното: „Со нашиот слободен начин на живеење се бориме против оние кои го шират отровот на есктремната десница, расизмот и антисемитизмот.“

 



Слични вести