Состојбата со Ковид-19 во светот: Започна процесот на вакцинација во Северна Македонија

Вчера во Северна Македонија, во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести започна процесот на вакцинација, во чии рамки беа вакцинирани против коронавирусот првите здравствени работници во земјата

1585788
Состојбата со Ковид-19 во светот: Започна процесот на вакцинација во Северна Македонија
covid-19.jpg
super covid19 ispanya.jpg
super covid19 ingiltere.jpg
super covid19 almanya.jpg
super foto fransa korona fransa 2.jpg
korona3.jpg
koronavirüs abd3.jpg
super foto fransa koronavirus fransa 1.jpg
korona ingiltere 02.jpg
korona abd süper

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 443 илјади 140 лица, на случаите на зараза изнесува над 110 милиони 537 илјади, а досега оздравеа повеќе од 85 милиони 428 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои и понатаму се епицентар на пандемијата.

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 502 илјади 555 лица, а на инфектираните со изнесува повеќе од 28 милиони 454 илјади 533 лица. Како што е соопштено процентот на војниците во армијата на САД кои се обратиле доброволно за вакцинирање изнесува некаде околу две третини. Американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) вакцините против Ковид-19 во армијата ги раздава на основа на доброволност, додека внимание ривлече тоа што голем број војници одбија да се вакцинираат. Научници во САД го произведоа во лабораторија вирусот со мутацијата којшто се појави во Јужна Кореја. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 240 илјади 983 лица, а на случаите на зараза изнесува 9 милиони 921 илјада 981.

Во Мексико, како трета земја по бројот на смртните случаи бројот на починатите се зголеми на 177 илјади 061 лице, а бројот на случаите достигна до 2 милиони 013 илјади 563. Во земјата досега се вакцинирани против вирусот повеќе од 1 милион лица.

Во Велика Британија, во изминатите 24 часа се регистрирани 738 починати и 12.718 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 118.933, а на инфектираните достигна до 4 милиони 071 илјада 185 лица. Велика Британија продолжува да е земја со најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа. Како што се истакнува успехот што го покажува земјата во вакцинацијата против Ковид-19 го намали бројот на смртните случаи меѓу старото население и ризичната група граѓани.

Во Италија, со смртта на 369 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 94.540. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 12.074 новозаразени изнесува 2 милиони 751 илјада 657 лица. Кај едно лице кое се вратило од Африка и чиј тест бил позитивен на Ковид-19 е утврден нов сој на коронавирусот со досега нерегистрирана мутација во земјата.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 310 лица со што бројот на човечките загуби се зголеми на вкупно 83.122. За еден ден во земјата се регистрирани 25.018 новозаразени и бројот на случаите достигна до 3 милиони 514 илјади 147 лица.

Во Шпанија, во изминатите 24 часа со раст за 337 смртни случаи бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 66.316 лица, а на инфектираните со регистрирани 10.829 новозаразени достигна до 3 милиони 107 илјади 172 лица.

Во Германија, со смртта на 325 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 66.861, а на инфектираните со 5.822 новозаразени достигна до 2 милиони 358 илјади 588 лица.

Во Србија досега животот го загубија 4.277 лица, а бројот на инфектираните се зголеми на 426.487. Бројот на вакцинираните лица против Ковид-19 во земјата достигна до 1 милион 018 илјади 937. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други земји во светот е вака: 

Колумбија 57.949, Аргентина 50.432, Перу 44.056, Полска 41.308,  Украина 24.689, Белгија 21.750, Канада 21.419, Чиле 19.659, Романија 19.588,  Чешка 18.596, Еквадор 15.394,  Холандија 15.017, Шведска 12.569,  Швајцарија 9.849.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 7 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 3.010 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 347 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 97.803 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 88.469 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 6.324 лица.

Вчера во Северна Македонија, во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести започна процесот на вакцинација, во чии рамки беа вакцинирани против коронавирусот првите здравствени работници во земјата.

Првата вакцина на „Фајзер“ ја прими докторката Добринка Наунова-Јовановска, примариус доктор-инфектолог, а потоа беше вакцинирана и главната сестра на Инфективната клиника Габриела Темелковска.

Министерот за здравство Венко Филипче во дадената изјава за медиумите истакна дека од вчера (среда) официјално започна процесот на имунизација против Ковид-19 во Северна Македонија.

„Во вчерашниот разговор со претставниците на Фајзер ни беше најавено дека следната количина од близу 4.000 дози ќе стигне следната недела. Тоа значи дека сите пријавени за првиот бран на вакцинацијата, тоа се 4.000 здравствени работници, а тоа се сите оние коишто во моментот работат со ковид-пациенти, ќе бидат вакцинирани“ - рече министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку, да потсетеме дека на крајот на неделата во Северна Македонија од Србија пристигнаа 4.680 дози вакцини од производителот „Фајзер“.

 



Слични вести