Сочувство од НАТО до Турција за убиените 13 турски граѓани од страна на терористичката ПКК

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека го осудуваат убиството на 13 турски граѓани од страна на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК, во Гара, во северниот дел на Ирак и го изразуваат своето сочувство до турскиот народ

1585816
Сочувство од НАТО до Турција за убиените 13 турски граѓани од страна на терористичката ПКК

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по одржаната прва седница од дводневниот состанок на министрите за одбрана на Сојузот што се одржува преку видео-конференција, приреди состанок за претставниците на печатот.

Одговарајќи на едно поставено прашање во врска со убиството на 13 турски граѓани во Гара, во северниот дел на Ирак од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, Столтенберг истакна дека го осудуваат ова извршено убиство и го изразуваат своето сочувство до турскиот народ.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг нагласи дека најостро ги осудуваат одговорните за масакрот и го рече следното: „Сојузниците на денешниот состанок на министрите за одбрана го доставија своето сочувство. Сојузниците се во солидарност со турскиот народ.“



Слични вести