Гутерес: Вакцините против Ковид-19 не се раздаваат рамноправно и праведно меѓу земјите

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во говорот пред Советот за безбедност на ОН истакна дека развиените вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) не се раздаваат рамноправно и праведно меѓу земјите во светот

1585827
Гутерес: Вакцините против Ковид-19 не се раздаваат рамноправно и праведно меѓу земјите

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес говореше на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) на кој беа разгледани пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и еднаквиот пристап до вакцини.

Тој истакна дека развиените вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) не се раздаваат рамноправно и праведно меѓу земјите во светот.

„Додека само 10 земји користат 75 отсто од вакцините, во повеќе од 130 земји не е испратена ниту една доза вакцина.“ - рече Гутерес, а воедно предупреди дека доколку вирусот почне да се шири „како шумски пожар“ ќе биде подложен на постојана мутација и со тоа ќе може да биде позаразен (попренослив) и посмртоносен.

Подвлекувајќи дека светот има потреба од итно усвојување на глобален план за вакцинација, Антонио Гутерес упати повик до земјите на групата Г-20 (20 индустриски најразвиени земји и земји со забрзан економски развој) да биде формирана работна група за итна состојба за применување на глобалниот план за вакцинација. 

„На светот итно му треба глобален план за вакцинирање кој ќе го донесат сите оние кои ја имаат потребната сила, научна експертиза и производствен и финансиски капацитет. Треба да обезбедиме сите, насекаде, да бидат вакцинирани што е можно побрзо.“ - порача генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.



Слични вести