Блинкен: САД до крајот на месецот ќе и го исплатат својот долг на СЗО од над 200 милиони долари

Американскиот државен секретар Антони Блинкен соопшти дека САД до крајот на месецот ќе и го исплатат својот долг на Светската здравствена организација (СЗО) во износ од над 200 милиони долари

1585858
Блинкен: САД до крајот на месецот ќе и го исплатат својот долг на СЗО од над 200 милиони долари

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во говорот што го одржа преку видео-конференција на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) на кој беше разговарано за пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и еднаквиот пристап до вакцини, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе работат заедно со своите партнери ширум светот за производство и раздавање на вакцините против Ковид-19.

Блинкен соопшти дека САД до крајот на месецот ќе и го исплатат својот долг на  Светската здравствена организација (СЗО) во износ од над 200 милиони долари.

Осврнувајќи се на значењето на Светската здравствена организација (СЗО) во борбата против пандемијата и изградбата на посилни здравствени системи, Блинкен напомена дека САД планираат да обезбедат финансиска поддршка за Прогамата за глобален пристап за вакцини Ковид-19 „КОВАКС“(COVAX), како глобална програма за вакцинација на Светската здравствена организација (СЗО).



Слични вести