Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 84.865.000.

1585066
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 2.429.825 лица. Бројот на заразените од вирусот изнесува над 110.035.000 а бројот на оздравените над 84.865.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата, во последните 24 часа се зголеми за уште 1.105 и изнесува 499.991. Бројот на заразените во земјата се зголеми за уште 40.400 и изнесува 28.381.220 лица. Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо по критиките за криење на бројките на смртните случаи во домовите за стари лица поради Ковид-19 прифати дека направиле грешка и дека не биле доволно транспарентни. Според извештајот од 76 страници на Главното обвинителство на Њурјорк, беше критикуван одделот за здравство на сојузната држава поради намалено прикажување на бројките на смртните случаи од Ковид-19 во домовите за стари лица. Покрај извештајот за смртни случаи на Одделот за здравство на сојузната држава во кој беа прикажани 8.500 смртни случаи, беше утврдено дека оваа бројка изнесува над 15 илјади.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во Бразил се зголеми за 1.167, во Мексико за 1.329, во Аргентина за 106, во Колумбија за 163, во Перу за 176, во Чиле за 20 и во Боливија за 40. Според овие податоци, вкупниот број на смртни случаи во Бразил се зголеми на 240.983, во Мексико на 175.986. во Аргентина на 50.432, во Колумбија на 57.949, во Перу на 44.056, во Чиле на 19.644 и во Боливија на 11.274.

Во Мексико пристигна пратката од 491.400 дози вакцина против Ковид-19 на американската фармацевтска компанија Фајзер. Владата на мексико досега од американската фирма Фајзер нарача 34.4 милиони дози, од фирмата АстраЗенека на Оксфордскиот универзитет 77,4 милиони дози и од Глобалната програма за пристап КОВАКС 51,5 милион дози.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија се зголеми за уште 799, додека бројот на заразените се зголеми за уште 10.625. Вкупниот број на смртните случаи во земјата изнесува 118.195, додека на заразените се зголеми на 4.058.468.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 336 и изнесува 94.171. Бројот на заразените во земјата се зголеми за уште 19.386 и изнесува 2.739.591.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Франција се зголеми за уште 410 и изнесува 82.812. Со регистрирање на уште 19.590 ново заразени за само еден ден, вкупниот број на заразени во земјата изнесува 3.489.129.

Бројот на смртните случаи поради коронавирусот во последните 24 часа Шпанија се зголеми за уште 530 и изнесува 65.979. Во истиот период веа регистрирани уште 10.057 новозаразени така што вкупниот број не инфектирани се зголеми на 3.096.343.



Слични вести