Продолжуваат да пристигнуваат пораки со сочувство од светот за 13-те турски граѓани

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линд изрази сочувство за 13 турски граѓани кои беа убиени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1585071
Продолжуваат да пристигнуваат пораки со сочувство од светот за 13-те турски граѓани

 

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линд изрази сочувство за 13 турски граѓани кои беа убиени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во ирачката област Гара.

Ен Линд на објавата на својот профил на Твитер истакна:

„Изразувам длабоко сочувство до семејствата на турските граѓани кои ги загубија своите животи во терористичкиот акт во Северен Ирак. Ние сме солидарни со турскиот народ“.

Осуда за кукавичкиот тероризам пристигна и од Украина.

Во објавата објавена на турски јазик на профилот на Твитер на Министерството за надворешни работи на Украина, беше наведено дека со длабока тага беше примена веста за убиството на турските граѓани во северен Ирак.

Во објавата, во која беа упатени искрени сочувства до пријателскиот турски народ и семејствата и роднините на оние што ги загубија животите, беше истакнато следното:

„Убијците на невооружени луѓе заслужуваат најстрога осуда“.

Сочувство за 13 турски јунаци објавија амбасадите на Русија и Данска во Анкара.



Слични вести