Етиопија објави соопштение во врска со медијаторската улога на Турција
Прашањето за границата во подрачјето Фашка кое доведува до воена состојба со Судан може да се реши преку дипломатски средства



Етиопија соопшти дека со задоволство ќе ја прифати посредничката улога на Турција во врска со решавањето на проблемите на границата со Судан.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Етиопија Дина Муфти, во рамките на посетата на Турција, рече дека прашањето за границата во подрачјето Фашка кое доведува до воена состојба со Судан може да се реши преку дипломатски средства.
Муфти во продолжение додаде:
„На нашата агенда нема војна. Доколку од Турција се предложи медијација, Етиопија со задоволство ќе го прифати овој предлог“.
На 15 февруари, Турција и Етиопија ја прославија 125-та годишнина од започнувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 15 февруари заедно со министерот за надворешни работи на Етиопија, Демеке Меконен со церемонија ја отвори новата зграда на Амбасадата на Етиопија во Анкара.