Ракетен напад врз аеродромот во градот Ербил, во Ирак: Загина едно лице, 6 мина се ранети

Коалиционите сили формирани под водство на САД против терористичката организација ДЕАШ, соопштија дека во реализираниот напад врз аеродромот во градот Ербил загина еден претприемач цивил, а се ранети 5 мина од персоналот и еден американски војник

1584371
Ракетен напад врз аеродромот во градот Ербил, во Ирак: Загина едно лице, 6 мина се ранети
erbil roket saldirisi 1.jpg

Во реализирани ракетни напади врз аеродромот во градот Ербил во Ирак, кадешто се наоѓа и воената база на Соединетите Американски Држави (САД), според првични добиени информации загина едно лице, а 6 лица се ранети.

Коалиционите сили формирани под водство на САД против терористичката организација ДЕАШ, соопштија дека во реализираниот напад врз аеродромот во градот Ербил загина еден претприемач цивил, а се ранети 5 мина од персоналот и еден американски војник.

Како што се истакнува ирачкиот премиер Мустафа ал Ќазими издаде директива за започнување на истрага во врска со реализираниот напад врз аеродромот во Ербил.

Премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) Месрур Барзани исто така реализираните ракетни напади врз Ербил ги окарактеризира како „терористички напад“ и го осуди истите.

Велејќи дека на безбедносните сили е издадена директива за започнување на целосна истрага, Месрур Барзани рече: „Со (ирачкиот премиер) Мустафа Ал Ќазими разговаравме во врска со соработката и патиштата за утврдување на виновните во позадината на овој терористички напад.“

Додека продолжува истрагата во врска со случајот, американскиот државен секретар Антони Блинкен му ја достави својата порака со поддршка на премиерот на Регионалната курдска управа во Ирак (ИКБЈ) Месрур Барзани, со кого разговараше по нападот.

Блинкен во објавеното писмено соопштение во врска со прашањето го рече следното: „Го побаравме и разговаравме со премиерот Месрур Барзани за доставување на поддршката што ја даваме на напорите во правец на истрагата за нападот и пронаоѓањето на одговорните и сторителите.“ 

Од друга страна, според добиени информации од безбедносни извори на САД, во синоќешниот реализиран напад врз аеродромот во градот Ербил беа користени 14 ракети.

Од овие 14 истрелани ракети 10 паднаа надвор од комплексот кадешто се сместени американските војници, а 4 ракети го погодија комплексот.

 



Слични вести