Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија во среда почнува вакцинацијата на здравствените работници

Министерството за здравство на Северна Македонија вчера соопшти дека во среда (утре) ќе започне вакцинацијата на здравствените работници кои работат во Ковид центрите низ целата држава

1584193
Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија во среда почнува вакцинацијата на здравствените работници
super foto fransa korona fransa 1.jpg
korona4.jpg
korona1.jpg
korona3.jpg
koronavirüs abd3.jpg
Koronavirüs4.jpg
korona ingiltere 02.jpg
korona ingiltere 01.jpeg
korona abd süper

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 418 илјади 728 лица, на случаите на зараза изнесува над 109 милиони 675 илјади, а досега оздравеа повеќе од 84 милиони 213 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 498 илјади 203 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува повеќе од 28 милиони 317 илјади 703.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 239 илјади 895 лица, а на случаите на зараза изнесува 9 милиони 866 илјади 710.

Во Велика Британија, во изминатите 24 часа се регистрирани 230 починати и 9.765 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 117.396, а на инфектираните достигна до 4 милиони 047 илјади 843 лица. Велика Британија продолжува да е земја со најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа.

Во Италија, со смртта на уште 258 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 93.835. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 7.351 новозаразен изнесува 2 милиони 729 илјади 223 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 412 лица со што бројот на човечките загуби се зголеми на вкупно 82.226. За еден ден во земјата се регистрирани 4.376 новозаразени и бројот на случаите достигна до 3 милиони 469 илјади 539 лица.

Во Шпанија, во изминатите 24 часа со раст за 234 смртни случаи бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 65.449 лица, а на инфектираните со регистрирани 11.942 новозаразени достигна до 3 милиони 086 илјади 286 лица.

Во Германија, со смртта на уште 383 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 65.949, а на инфектираните со 5.166 новозаразени достигна до 2 милиони 346 илјади 872 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 9 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.998 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 51 нов случај и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 97.101 лице. 

Институтот за јавно здравје регистрира 308 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 87.960 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 6.143 лица.

Инаку, Министерството за здравство на Северна Македонија вчера соопшти дека во среда (утре) во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје ќе започне вакцинацијата на здравствените работници кои работат во Ковид центрите низ целата држава.

Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.

Завчера во Северна Македонија од Србија пристигнаа 4.680 дози вакцини од производителот „Фајзер“.

Со оваа пратка вакцини, како што соопштија од Министерството, имунизација ќе се споведува само во модуларната болница во Скопје.

Со пристигнувањето на другите дози вакцини, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во Северна Македонија.



Слични вести