Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот зинесува над 81.554.000

1583693
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
supercovid19 meksika.jpg
super covid19 venezuela.jpg
super covid19 ispanya.jpg
super covid19 ispanya2.jpg
covid19 laboratuvar.jpg
kopek covid19 seul
super covid19 genel.jpg

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 2.412.950 лица. Бројот на заразените од вирусот изнесува над 109.463.000 а бројот на оздравените над 81.554.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата се зголеми на 497.175. Бројот на заразените во земјата изнесува 28.262.355 лица. Во извештајот што беше објавен од страна на една американска компанија за здравствени услуги беше истакнато дека скоро сите болници во земјата не можат да се снабдат со потребните медицински материјали и опрема.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во Бразил изнесува 713, во Мексико 436, во Аргентина 48, во Колумбија 180, во Перу 212, во Чиле 98 и во Боливија 47. Според овие податоци, вкупниот број на смртни случаи во Бразил се зголеми на 239.294, во Мексико на 174.207. во Аргентина на 50.236, во Колумбија на 57.605, во Перу на 43.703, во Чиле на 19.641 и во Боливија на 11.202.

Министерот за надворешни работи на Перу Елизабет Астете поднесе оставка бидејќи се вакцинираше пред да биде објавена програмата за вакцинација на земјата.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија се зголеми за уште 258, додека бројот на заразените се зголеми за уште 10.972. Вкупниот број на смртните случаи во земјата изнесува 117.166, додека на заразените се зголеми на 4.038.078.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 221 и изнесува 93.577. Бројот на заразените во земјата се зголеми за уште 11.068 и изнесува 2.721.879.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Франција се зголеми за уште 167 и изнесува 81.814. Со регистрирање на уште 16.546 ново заразени за само еден ден, вкупниот број на заразени во земјата изнесува 3.465.163.

Бројот на смртните случаи поради коронавирусот во Австрија изнесува 8.211.295, а бројот на заразените 433.487. Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер рече дека неприфатливо е спроведувањето забрана за влегување на патниците од Германија коишто сакаат да влезат во Тирол каде што се забележува влијанието на мутираната верзија на коронавирусот. Европската унија соопшти дека испрати писмо до Германија преку кое ќе бара да не се забранува слободното движење на граѓаните особено од Чешка и Тирол во Австрија каде што се забележани голем број на заразени од мутираната верзија на вирусот Ковид-19.

Бројот на смртните случаи поради коронавирусот во Германија изнесува 65.076, а бројот на заразените 2/338.987.

Првите пратки на вакцините против новиот тип на коронавирусот на американската фармацевтска компанија Фајзер и германската биотехнолошка компанија Бионтек пристигнаа во Австралија и Нов Зеланд. Додека во борбата против епидемијата во Австралија досега умреа 909 лица, а бројот на заразените изнесува 28.900 лица, бројот на смртните случаи во Нов Зеланд изнесува 25, додека бројот на заразените 2.036.



Слични вести