Во земјотресот во Јапонија беа повредени над 100 лица

Не постои опасност од цунами

1583262
Во земјотресот во Јапонија беа повредени над 100 лица

 

Повеќе од 100 лица се повредени во земјотресот со јачина од 7,3 степени во Јапонија.

Во соопштението кое беше објавено од Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) беше истакнато дека синоќа во 23.07 часот по локално време бил регистриран земјотрес на длабочина од 60 километри крај Фукушима.

Во соопштението во кое се наведува дека имаше бранувања на бреговите на Фукушима, беше истакнато дека не постои опасност од цунами.

Земјотресот беше почувствуван во  префектурите Мијаги, Ивате, Акита, Гунма, Саитама, Аомори и главниот град Токио.

Според веста на агенцијата Кјодо, по земјотресот бвеа евиудентирани повеќе од 100 повредени низ целиот регион, додека нема евидентирани смртни случаи.

Не се откриени абнормалности во нуклеарните централи лоцирани низ целиот регион.

Од друга страна, членовите на кабинетот се собраа наутро и беа информирани за штетите предизвикани од земјотресот.

Главниот секретар на кабинетот, Като Кацунобу, на прес-конференција  рече дека е формирана работна група во рамките на Кабинетот на премиерот.

Премиерот Суга Јошихиде им дал инструкции на работната група за проценка на штетите и активности за пребарување и спасување.

Премиерот Суга по земјотресот го прими министерот за справување со катастрофи, Хачиро Оконоги.

По средбата, Суга изјави дека не се забележани човечки загуби по земјотресот и на повредените им посака што побрзо да оздрават.

Министерот за одбрана Киса Нобуо рече дека нема сериозни штети по земјотресот и дека продолжува соработката со ресорното министерство и локалната администрација.

Тој рече дека ако сметаат дека е потребно, Силите за самоодбрана (СДФ) се подготвени за задача за справување со катастрофи.

Во меѓувреме, според јавниот радиодифузер НХК, во некои области на автопатот Жобан се случиле свлечишта и прекини на водоснабдување.

Од прекините на електричната енергија по земјотресот низ целиот регион беа погодени приближно 900 илјади домаќинства, кои утрово се вратија во нормала.

Некои возни услуги на железницата во Источна Јапонија беа суспендирани.

Според канцеларијата на гувернерот на провинцијата Фукушима, повеќе од 60 центри за евакуација основани во градот обезбедуваат привремено засолниште по земјотресот.



Слични вести