Реакција од Халид ал-Мешри против средбата на Мухамед ал-Менфи со Халифа Хафтар
Претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри во објавеното соопштение на својот профил преку социјалните медиуми покажа реакција против остварената средба на новиот претседател на претседателскиот совет Мухамед ал-Менфи со Хафтар

Претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри ја осуди средбата на новиот претседател на претседателскиот совет Мухамед ал-Менфи во градот Бенгази со лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата Халифа Хафтар.
Халид ал-Мешри во објавеното соопштение на својот профил преку социјалните медиуми покажа реакција против остварената средба помеѓу Менфи и Хафтар.
Претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри го напиша следното: „Го негираме, отфрламе и осудуваме неуспешниот почеток што го направи почитуваниот Мухамед ал-Менфи (пред официјално да ја преземе својата должност) со остварената посета на воениот злосторник Хафтар. Оваа посета, по сите разрушувања и трагедии за коишто стана причина Хафтар, претставува негативна порака која нема никаква врска со воспоставувањето на хармонијата и единството на Либијците.“