Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 9 починати, 476 новозаразени

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 9 смртни случаи од Ковид-19 со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.955 лицa, a со регистрирани 476 новозаразени бројот на случаите достигна до 95.347 лица

1580496
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 9 починати, 476 новозаразени
korona4.jpg
super foto fransa korona fransa 1.jpg
korona3.jpg
super foto fransa korona fransa.jpg
super foto fransa korona fransa 2.jpg
koronavirüs abd3.jpg
Koronavirüs4.jpg
super foto fransa koronavirus fransa 1.jpg
korona ingiltere 02.jpg
korona abd süper

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 351 илјада 191 лице, на случаите на зараза изнесува над 107 милиони 412 илјади, а досега оздравеа повеќе од 79 милиони 322 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 479 илјади 772 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува повеќе од 27 милиони 799 илјади 946.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 233 илјади 588 лица, а на случаите на зараза изнесува 9 милиони 602 илјади 034.

Во Велика Британија, во изминатите 24 часа се регистрирани 1.052 починати и 12.364 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 113.850, а на инфектираните достигна до 3 милиони 972 илјади 148 лица.

Во Италија, со смртта на уште 422 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 92.002 лица. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 10.630 новозаразени изнесува 2 милиони 655 илјади 319 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 508 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 80.147 лица. За еден ден во земјата се регистрирани 18.870 новозаразени и бројот на случаите достигна до 3 милиони 360 илјади 235 лица.

Во Шпанија, во изминатите 24 часа со раст за уште 766 смртни случаи бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 63.061 лице, а на инфектираните со регистрирани 16.402 новозаразени достигна до 3 милиони 005 илјади 487 лица.

Во Грција, во изминатите 24 часа животот го загубија 20 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 6.017, а  со регистрирани 1.492 нови случаи вкупниот број на инфектираните изнесува 166.067 лица. Во регионот Атика којшто ги опфаќа и главниот град Атина и Пире кадешто вирусот се шири со голема брзина почнувајќи од утре 11 февруари, четврток, до 28 февруари ќе бидат преземени рестриктивни мерки на затворање.

Во Германија, со смртта на уште 674 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 63.271, а на инфектираните со 5.725 новозаразени достигна до 2 милиони 302 илјади 051 лице.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 9 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.955 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 476 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 95.347 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 407 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 85.846 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 6.546 лица.

Министерот за здравство на Република Северна Македонија Венко Филипче, завчера го потпиша договорот за набавка на кинески вакцини „Синофарм“ и согласно овој договор ќе бидат обезбеден 200.000 вакцини.

Тој информира дека за кратко време ќе се дознае точниот датум кога вакцините ќе пристигнат, а воедно рече дека од денеска ќе биде пуштен сајтот за пријавување за вакцинација и дека на сајтот ќе може да се пријави секој.

Министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека на ден ќе се вакцинираат по 880 лица во сите поликлиники во Скопје и дополнителни близу 500 лица во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје.

„Засега се пријавени 4.000 здравствени работници, од коишто околу 2.000 се во Скопје, останатите се во другите градови“ - додаде министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче.



Слични вести