Рухани: Ние не бевме страната која го напушти договорот, па да го фрлиме првиот чекор

На изјавата на Бајден дека нема да бидат укинати санкциите врз Иран се додека оваа земја не ги сопре работите за збогатување на ураниумот, Рухани одговори со зборовите „Ние не бевме страната која го напушти договорот па да го фрлиме првиот чекор“

1580506
Рухани: Ние не бевме страната која го напушти договорот, па да го фрлиме првиот чекор

Иранскиот претседател Хасан Рухани, во врска со дискусијата којашто се доживува со Соединетите Американски Држави (САД) околу тоа „кој ќе го фрли првиот чекор за враќање на нуклеарниот договор“ рече: „Ние не бевме страната која го напушти договорот па да го фрлиме првиот чекор.“

Рухани, по повод одбележувањето на 42. годишнина од иранската револуција се состана со амбасадорите во Техеран и во говорот што го одржа овде меѓу другото направи проценка и на нуклеарниот договор.

Нагласувајќи дека годишнината од револуцијата претставува мошне значаен и историски ден за Иран, Хасан Рухани рече: „По револуцијата нам ни беа наметнати насилно две војни од кои едната од соборениот ирачки лидер Садам Хусејин, а втората од поранешниот американски претседател Доналд Трамп и ние и од двете војни излеговме како победници.“

Во врска со тоа кој треба да го фрли првиот чекор по прашањето на враќање на нуклеарниот договор пак, иранскиот претседател Хасан Рухани го рече следното: „Ние не бевме страната која го напушти договорот па да го фрлиме првиот чекор. Нема никакво двоумење во тоа. Тие кои го напуштија договорот и спротивно на меѓународните договори го налагаа секој вид зулум врз нашиот народ, треба да бидат страната која прва ќе се врати и на нуклеарниот договор.“

Инаку, американскиот претседател Џо Бајден претходно соопшти дека нема да бидат укинати санкциите врз Иран се додека оваа земја не ги сопре работите за збогатување на ураниумот.



Слични вести