Блинкен избегна да даде поддршка на озаконувањето на израелскиот суверенитет над Голанските висорамнини

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека се многу далеку од „озаконување на т.н. израелски суверенитет“ над Голанските висорамнини, но рече дека САД ја поддржуваат контролата на Голанските висорманини од страна на Израел

1580535
Блинкен избегна да даде поддршка на озаконувањето на израелскиот суверенитет над Голанските висорамнини

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен даде изјава за телевизискиот канал „CNN“ во врска со актуелни прашања и притоа истакна дека се многу далеку од како што рече „озаконување на т.н. израелски суверенитет“ над Голанските висорамнини, но рече дека САД во оваа актуелна состојба ја поддржуваат контролата на Голанските висорманини од страна на Израел.

Блинкен рече: „Ако ја оставиме настрана законската димензија на овој проблем, се додека во Сирија се наоаѓа на власт Асад, се додека Иран се наоѓа во Сирија, Голан е прилично значајно за безбедноста на Израел. Милициските сили поддржани од Иран, самиот Асад, сите тие се значајна безбедносна закана за Израел. Контролата на Голан од страна на Израел е значајна.“

Велејќи законската димензија во врска со признавањето на израелскиот суверенитет над Голан е различно прашање, Блинкен рече: „Доколку се променат работите во Сирија, на тоа ќе погледнеме одделно, меѓутоа во моментов сме многу далеку од таа точка.“

Во меѓувреме, израелската управа на изјавите на американскиот државен секретар Антони Блинкен во врска со Голанските висорамнини кои инаку се сириска територија, но се наоѓаат под израелска окупација, одговори со следните зборови: „Голанските восорамнини вечно ќе останат како дел од Израел.“

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата за печат на израелската Влада се вели следното: „При било какво можно сценарио, Голанските висорамнини ќе останат кај Израел и Голанските восорамнини вечно ќе останат како дел од Израел.“

Инаку, поранешниот американски претседател Доналд Трамп, на 25 март 2019 година објави претседателски указ со кој се признава израелскиот суверенитет над Голанските висорамнини.

 



Слични вести