Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените во светот изнесува над 78.948.000

1580160
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 2.338.134 лица. Бројот на заразените од вирусот изнесува над 107.068.000 а бројот на оздравените над 78.948.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата се зголеми на 476.405. Бројот на заразените во земјата изнесува 27.700.620 лица. Конгресменот на Претставничкиот дом Рон Рајт беше првиот конгресмен кој беше заразен од Ковид-19 и го загуби животот. Со појавата на мутираната варијанта Б.1.1.7 на вирусот Ковид-19 и во САД, кој првпат се појави во Англија, околу 35 до 40 отсто е позаразен од Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија се зголеми за уште 333, додека бројот на заразените се зголеми за уште 14.104. Вкупниот број на смртните случаи во земјата изнесува 112.798, додека на заразените се зголеми на 3.959.784.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 307 и изнесува 91.580. Бројот на заразените во земјата се зголеми за уште 7.970 и изнесува 2.644.707.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Франција се зголеми за уште 460 и изнесува 79.423. Со регистрирање на уште 4.317 ново заразени, вкупниот број на заразени во земјата изнесува 3.341.365.

Бројот на смртните случаи поради коронавирусот во последните 24 часа во Шпанија се зголеми за уште 303 лица и изнесува 62.295, а бројот на заразениte се зголеми за уште 19.305 и изнесува 2.989.085.

Владата на Холандија соопшти дека забраната на движење која што ја воведе на 23 јануари во рамките на мерките против епидемијата, ја продолжи до 3 март. Покрај тоа што трендот на бројот на заразените случаи почна да се намалува, две третини од новозаразените се заразени од новата мутирана верзија на Ковид-19 којашто се појави во Велика Британија и кој се шири многу побрзо.



Слични вести