Грузија: „Стратешкото партнерство со Турција се продлабочува во духот на пријателство и добрососедст

Турција е силен поддржувач на територијалниот интегритет, суверенитетот и евроатлантските аспирации и интеграција на Грузија

1579830
Грузија: „Стратешкото партнерство со Турција се продлабочува во духот на пријателство и добрососедст

Грузија соопшти дека стратешкото партнерство со Турција се продлабочува во согласност со духот на пријателство и добрососедство.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи на Грузија по повод 100-та годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Турција и Грзуија, беше потсетено дека точно пред 100 години на 8 февруари 1921 година со доставување на акредитивните писма од страна на амбасадорот на Демократска Република Грузија Симон Мдивани на претседателот на Големото национално собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Кемал Ататурк, беа воспоставени првите дипломатски односи меѓу двете земји.

Во соопштението беше истакнато дека Мдивани, потпретседателот на конститутивното собрание на Демократска Република Грузија е првиот странски дипломат кој му предаде акредитивните писма на Ататурк. Со повторното стекнување на независноста, од 1990-те  години наваму започна една нова ера во односите меѓу двете земји.

„Стратешко партнерство меѓу Грузија и Турција се продлабочува согласно духот на пријателство и добрососедство. Република Турција е силен поддржувач на територијалниот интегритет, суверенитетот и евроатлантските аспирации и интеграција на Грузија“.



Слични вести