Заврши 34. Самит на Африканската унија (АУ)

Завршиот говор на самитот го одржа новиот претседавач со Африканската унија (АУ) претседателот на Демократска Република Конго Феликс Чисекеди

1579014
Заврши 34. Самит на Африканската унија (АУ)

Заврши 34. Самит на Африканската унија (АУ) на кој се состанаа лидерите на земјите во Африка со дневен ред посветен на борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој го зафати целиот свет и зачувувањето на културното наследство на континентот.

Завршиот говор на самитот го одржа новиот претседавач со Африканската унија (АУ) претседателот на Демократска Република Конго Феликс Чисекеди.

Велејќи дека општествата без култура се општества без дух, Чисекеди вети дека Африканската унија (АУ) во 2021 година ќе ги поддржува проектите како што се повторната изградба на островот Гора во Сенегал, изградбата на Големиот африкански музеј во Алжир (ГМА) и на Големиот египетски музеј во Египет (ГМЕ), како и проектите во правец на зачувувањето на африканското културно наследство.

Феликс Чисекеди истакна дека во рамките на заштитата на африканското културно наследство исто така ќе се побара од Европа да бидат вратени делата коишто му припаѓаат на африканското културно наследство.

Велејќи дека за постигнување напредок во оперативна смисла во Договорот за слободна трговија во Африка и за забрзување на институционалните реформи ќе бидат ставени во примена нови проекти, Феликс Чисекеди додаде дека во текот на својот мандат како претседавач со Африканската унија (АУ) ќе вложува напори со цел да се изнајде решение за недоразбирањето коешто продолжува долго време меѓу Египет, Судан и Етиопија, во врска со браната Хедаси во Етиопија.



Слични вести