Сигнал од ЕУ за воведување нови санкции кон Русија

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел напомена дека Русија не сака да ја искористи можноста за конструктивен дијалог со ЕУ и го даде сигналот за воведување нови санкции кон оваа земја

1579013
Сигнал од ЕУ за воведување нови санкции кон Русија

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел во својот блог напис кадешто прави проценка во врска со својата остварена посета на Москва од 4 до 6 февруари, истакнува дека разговарал за  како што вели „загрижувачките“ односи меѓу ЕУ и Русија и појаснува дека односите се влошени уште повеќе по апсењето на (рускиот опозициски политичар) Алексеј Навални и протестите на кои се притворени неговите поддржувачи.

Борел напомена дека Русија не сака да ја искористи можноста за конструктивен дијалог со Европската унија (ЕУ) и го даде сигналот за воведување нови санкции кон оваа земја.

Велејќи дека на остварената посета пред самитот на ЕУ во месец март посакал да ги разгледа односите коишто се влошуваат, Борел рече: „Одржаната агресивна прес-конференција и одлуката за депортирање на тројца дипломати од земјите на Европската унија (ЕУ) за време на мојата посета, покажуваат дека руските власти не сакаат да ја искористат можноста за поконструктивен дијалог со ЕУ. И покрај тоа што не се случи нешто неочекувано, оваа состојба истовремено буди жалење и во смисла на русата стратешка перспектива.“

Борел потсети дека Европската унија (ЕУ) и Русија не можат да се разберат и во бројни други прашања како што се Белорусија, Украина, Грузија, Сирија и Либија.

Велејќи дека на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) на 22 февруари ќе бидат разгледани односите со Русија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел , рече: „Како што е и секогаш за чекорите коишто ќе бидат преземени ќе одлучат земјите членки и тие би можеле да содржат и санкции.“

 



Слични вести