Расте бројот на загинатите во поплавите во Иднија предизвикани од откинато парче од глечер

Надежни истакнуваат дека со извлекувањето на мртвите тела на уште 11 лица по поплавите, бројот на загинатите се зголеми на 14, а воедно ја споделуваат и информацијата дека по надојдените води и поплавите се спасени 15 лица

1579218
Расте бројот на загинатите во поплавите во Иднија предизвикани од откинато парче од глечер

Бројот на загинатите во поплавите коишто се случија по откинување на парче од глечерот Нанда Деви во провинцијата Утараданд во северниот дел на Индија, кое падна во реката Даулиганда, се зголеми на 14 лица.

Надлежни истакнуваат дека надојдените води и поплавите по падот на откинатото парче од глечерот Нанда Деви во реката Даулиганга во областа Чамоли беа причина за нанесување штети на електричната централа и на голем број населени места.

Тие информираат дека со извлекувањето на мртвите тела на уште 11 лица по поплавите, бројот на загинатите се зголеми на 14, а воедно ја споделуваат и информацијата дека по надојдените води и поплавите се спасени 15 лица.

Полициски функционери на областа Чамоли информираат дека поголемиот дел од лицата кои се водат како исчезнати се работници во проектите за хидроелектрична  централа и дека по надојдените води и поплавите се спасени 15 лица.

Индиските воздушни сили соопштија дека проодлжуваат активностите за пребарување и спасување од воздух.

Воедно и индиско-тибетската погранична полиција (ИТБП) веднаш по катастрофата започна операција за поребарување и спасување во близина на селото Раини.



Слични вести