Пакистан изрази жалење за загинатите во катастрофата од поплавите во Индија

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Пакистан се изразува жалење за загинатите во катастрофата од поплавите во Индија предизвикани од откинувањето на парче од глечер

1579252
Пакистан изрази жалење за загинатите во катастрофата од поплавите во Индија

Пакистан соопшти дека се чувствува жалење поради загинатите во катастрофата од поплавите во Индија.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека Пакистан жали поради човечките загуби во поплавите предизвикани од откинатото парче од глечер во провинцијата Утараканд. 

"Нашите мисли се со семејствата на жртвите. Се молиме за безбедноста на лицата кои се водат како исчезнати, нивното што побрзо спасување и оздравување." - стои во соопштението на пакистанското Министерство за надворешни работи.



Слични вести