Фајез ал-Сараџ и Јан Кубиш разговараа за воениот и економскиот процес во Либија

Премиерот на либиската Влада Фајез ал-Сараџ и специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Либија Јан Кубиш разговараа за воениот и економскиот процес во Либија

1579143
Фајез ал-Сараџ и Јан Кубиш разговараа за воениот и економскиот процес во Либија

Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ разговараше со специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Либија Јан Кубиш за воениот и економскиот процес во Либија.

Според објавеното писмено соопштение од либиската Влада, специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Либија Јан Кубиш го побара по телефон либискиот премиер Фајез ал-Сараџ.

Во разговорот беше нагласено дека по изборот на новата привремена управа која ќе раководи со земјата до одржувањето на изборите, треба да бидат заокружани и воените и економските процеси.

На средбата беше привлечено внимание на значењето новата управа да обезбеди можност за повторно обединување на поделените државни институции, а воедно беше нагласено дека изборите треба да се одржат на утврдениот датум (24 декември 2021 година).

Инаку, на одржаното гласање на членовите на Либискиот форум за политички дијалог кој се состана на 6 февруари во Швајцарија под водство на Обединетите нации (ОН) до одржувањето на изборите за коишто се планира да се одржат на 24 декември 2021 година, за претседател на претседателскиот совет беше избран Мухамед Менфи, а за премиер на Владата на национално единство на Либија Абдулхамид Дибејбе.

Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (УНСМИЛ) пак, го следи воениот и економскиот процес во Либија. 

Во тој контекст, Воениот комитет којшто е формиран во формат 5+5 има за цел да обезбеди да биде воспоставено примирјето, а економскиот процес пак има за цел да ги обедини финансиските институции на Либија. 

 



Слични вести