Бајден: Нема да ги укинеме санкциите врз Иран сѐ додека не ги исполнува своите ветувања

Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека нема да бидат укинати санкциите врз Иран се додека не бидат сопрени активностите за збогатување на ураниумот на оваа земја

1579010
Бајден: Нема да ги укинеме санкциите врз Иран сѐ додека не ги исполнува своите ветувања

Американскиот претседател Џо Бајден своето прво интервју за еден телевизиски канал по седнувањето на претседателската фотелја на 20 јануари го даде за „CBS“.

Бајден соопшти дека нема да бидат укинати санкциите врз Иран се додека не бидат сопрени активностите за збогатување на ураниумот од страна на оваа земја.

Џо Бајден во делот од интервјуто во врска со Иран даде изјави во врска со нуклеарниот договор со оваа земја.

На поставеното прашање „Дали САД најпрвин ќе ги укинат санкциите за да го седнат Иран на преговарачката маса?“, Бајден одговори со зборовите: „Не. Најпрвин тие треба да го сопрат збогатувањето на ураниумот.“

Администрацијата на Бајден во своите претходни изјави соопшти дека доколку „не бидат реализирани одредени услови“ има намера да се врати на нуклеарниот договор со Иран.

Иранскиот лидер Ајатолахот Али Хамнеи пак, истакна дека за да би ги исполнила неговата земја ветувањата коишто произлегуваат од нуклеарниот договор, најпрвин Соединетите Американски Држави (САД) треба да ги укинат сите санкции.

Али Хамнеи, воедно како одговор на последната изјава на американскиот претседател Џо Бајден кој за укинување на санкциите го постави како услов стопирањето на збогатувањето на ураниумот, на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Го поставивме условот и нема да биде повлечен назад.“

Иран од една и САД, Кина, Франција, Германија, Русија и Велика Британија од друга страна, во 2015 година ставија потпис на договор со кој се регулираат и ставаат под контрола нуклеарните активности на Иран.

Потоа, по доаѓањето на власт на Доналд Трамп, САД на 8 мај 2018 година еднострано се повлекоа од нуклеарниот договор и потоа повторно почнаа да спроведуваат санкции врз Иран.

Од друга страна, Техеран како одговор на санкциите на 5 јануари 2020 година ги сопре целосно своите ветувања (обврски) од договорот и фрли низа чекори, вклучувајќи го и повторното започнување на активностите за збогатување на ураниум на високо ниво.

 



Слични вести