Столтенберг: „Турција и Грција се две значајни сојузнички земји на НАТО“

Улогата на НАТО е да обезбеди платформа на која ќе бидат разгледани овие разлики

1577839
Столтенберг: „Турција и Грција се две значајни сојузнички земји на НАТО“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека Турција и Грција се две значајни земји сојузнички на НАТО и дека го ценат нивното сојузништво,  потенцирајќи дека улогата на алијансата е да обезбеди платформа за решавање на споровите меѓу двете земји.

Јенс Столтенберг конференцијата под наслов „Нови идеи за НАТО 2030“, која што беше одржана под покровителство на тинк-тенк институтот „Чатам хаус“ и се состана со студенти и млади лидери учествуваше преку видео конференција.

На едно прашање во врска со спорот меѓу Турција и Грција, Столтенберг рече дека може да има разлики во мислењата меѓу сојузниците на НАТО,

„И Грција и Турција се значајни сојузници но за жал не се согласуваат за некои прашања, вклучително и Источен Медитеран“.

Улогата на НАТО е да обезбеди платформа на која ќе бидат разгледани овие разлики рече Столтенберг потенцирајќи дека затоа, во рамките на НАТО воспоставија механизам за „безконфликтност“, така што се намали ризикот на евентуални несреќи со бродови и авиони меѓу Турција и Грција во Источен медитеран“.



Слични вести