Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Bројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 77.114.000

1577861
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 2.294.550 лица. Бројот на заразените од вирусот изнесува над 105.422.000 а бројот на оздравените над 77.114.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата се зголеми на 466.988. Бројот на заразените во земјата изнесува 27.273.890 лица.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија се зголеми за уште 915, додека бројот на заразените се зголеми за уште 20.634. Вкупниот број на смртните случаи во земјата изнесува 110.250, додека на заразените се зголеми на 3.892.459. Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 422 и изнесува 90.241. Бројот на заразените во земјата се зголеми за уште 13.659 и изнесува 2.597.446.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Франција се зголеми за уште 357 и изнесува 77.952. Со регистрирање на уште 23.448 ново заразени, вкупниот број на заразени во земјата изнесува 3.274.608. од друга страна пак според резултатите од една анкета во земјата 71 отсто од француските испитаници се изјаснија дека владата не реагираше навремено против епидемијата.

Бројот на смртните случаи поради коронавирусот во последните 24 часа во Шпанија се зголеми за уште 432 лица и изнесува 60.802, а бројот на заразени се зголеми за уште 29.960 и изнесува 2.943.349.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на коронавирусот во во Колумбија се зголеми на 55.131. Бројот на заразените од вирусот во земјата се зголеми на 2.135.412. Земјата усвои одлука за итна употреба на кинеската вакцина Синовак против Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Перу се зголеми на 41.753, додека бројот на заразените изнесува 1.165.052. Во три града во Перу беа забележани случаи на мутирана верзија од Бразил.



Слични вести