На сиромашните земји ќе им бидат раздадени најмалку 337 милиони дози вакцини против Ковид-19

Глобалната асоцијација за вакцини и вакцинација „ГАВИ“ соопшти дека во рамките на Програма за глобален пристап за вакцини Ковид-19 „КОВАКС“ на сиромашните земји и на некои земји во развој ќе им бидат раздадени најмалку 337 милиони дози вакцини

1577141
На сиромашните земји ќе им бидат раздадени најмалку 337 милиони дози вакцини против Ковид-19

Глобалната асоцијација за вакцини и вакцинација „ГАВИ“ (GAVI) соопшти дека во рамките на Програма за глобален пристап за вакцини Ковид-19 „КОВАКС“ (COVAX) во првите 6 месеци на 2021 година за сиромашните земји се одделени најмалку 337 милиони дози вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Светската здравствена организација (СЗО), со заедничка иницијатива што се води од страна на Глобалната асоцијација за вакцини и вакцинација „ГАВИ“ и Иновациската коалиција за подготвеност за заразни болести „ЦЕПИ“ (CEPI) во април 2020 година ја започна иницијативата Програма за глобален пристап за вакцини Ковид-19 „КОВАКС“ (COVAX).

Со посредство на програмата „КОВАКС“ во која досега се вклучени 190 земји се има за цел вакцините против Ковид-19 да им се раздаваат подеднакво, брзо и праведно на 92 најсиромашни земји во светот.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Глобалната асоцијација за вакцини и вакцинација „ГАВИ“ е соопштен привремениот план во врска со раздавањето (дистрибуцијата) на вакцините.

Според тоа, се истакнува дека се очекува 337,2 милиони дози вакцини против Ковид-19 да почнат да им се раздаваат на сиромашните земји почнувајќи од крајот на февруари.

Во соопштението се вели дека се има за цел до средината на оваа година да бидат вакцинирани 3,3 отсто од населението во некаде околу 145 сиромашни земји.

Според планот, вакцините ќе бидат распределени според бројот на населението на земјите.

Како што се наведува вакцините освен на сиромашните земји ќе им бидат раздадени и на некои земји во развој.

Според планот, ќе бидат раздадени 97,2 милиони дози вакцини против Ковид-19 на Индија, 17,2 милиони дози на Пакистан, 16 милиони Нигерија, 13,7 милиони Индонезија, 12,8 милиони Бангладеш, 10,6 милиони Бразил, 4,2 милиони Кенија, 3,4 милиони Судан, 2,3 милиони на Јемен и 1,02 милиони дози вакцини на Сирија.



Слични вести